Напад на украинското пристаниште на Дунав: Најмалку шест повредени, соборени 32 дрона
Украинските системи за противвоздушна одбрана уништија 32 од 44 дронови „Шахид“ од иранско производство што Русија ги лансираше кон Украина рано утринава, објавија украинските воздухопловни сили на „Телеграм“.
Главна цел на нападот биле јужните делови на Одеса, пристанишната инфраструктура во регионот, соопштија од украинските воздухопловни сили, пренесува Ројтерс.
Во напад на руски беспилотни летала рано утринава, најмалку шест лица се повредени, а оштетена е пристанишната инфраструктура во Измаил, едно од најважните украински пристаништа на Дунав за извоз на жито, објави на Телеграм гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер.
Во областа Измаил беа лансирани неколку групи дронови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа