Левица: Поради неспособноста на директорот назначен од Муцунски децата од Љубен Лапе оставени без топол оброк

 

„Директорката Сања Стојанова никаде ја нема да одговори зошто децата во основното училиште Љубен Лапе останаа без оброк, а општината се секира за децата само кога Тимчо Муцунски треба да се слика и да тера дневен пиар врз детскиот грб“, реагираат од политичката партија Левица преку писмено соопштение испратено до медиумите.

Оттаму додаваат дека поради доцнењето со тендерот за исхрана кој го распишала директорката на училиштето децата се оставени без топол оброк и на родителите им било кажано како знаат да се снаоѓаат.

„Додека пак општината не реагира за тоа што директорот ги пробил роковите за тендерот за храна и го распишал непосредно пред почнувањето на училишната година наместо на време.

Поради неспособноста и нереагирањето на општината и директорката децата ќе бидат оставени како без книги, така и без оброк овој месец, а најверојатно и наредниот месец.

Неспособноста на централната власт предводена од СДС и локалната власт предводена од ДПМНЕ, само се пресликува до помалите институции.

Бараме од општината да ја санкционира новоназначената директорка и да пристапи кон нејзина итна смена од позицијата.

Потсетуваме дека и во минатото ова училиште во општина Аеродром се има соочено со разни други проблеми за што градоначалникот Муцунски ја смени претходната директорка од СДС и назначи свој кадар, но проблемите очигледно не се премостија и останааа да тлеат“, стои во соопштението на Левица.

07.09.2023 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега