Тропски комарци шират болести во Париз: „Ова се случува за прв пат“

 

 

Здравствените власти во Париз за прв пат ги фумигираа областите на француската престолнина за да ги убијат тигарските комарци кои носат болести. Експертите веруваат дека климатските промени го поттикнале брзото ширење на овие инсекти низ Северна Европа.

Патиштата беа затворени во југоисточниот дел на Париз вчераутро, а властите побараа од жителите да останат внатре, бидејќи се прскаше со инсектицид на дрвја, тревници и други области за размножување комарци. Ваквите сцени се редовна појава во тропските градови и стануваат се почести во Европа бидејќи тигрестиот комарец, кој може да ги пренесе вирусите на денга, чикунгуња и зика, се шири од родната Југоисточна Азија.

„Тоа се случи за прв пат во Париз, но не и во Франција. Југот на земјата веќе неколку години се бори со тигрести комарци“, изјави заменик-градоначалничката на Париз, Ане Сојрис, задолжена за здравствена политика, а пренесе „Гардијан“.

Регионалната здравствена управа за главниот град, АРС Ил-де-Франс, рече дека целната област за дезинсекција била 150 метри околу домот на лице во 13-тиот округ на главниот град, кое се заразило од денга додека патувало, за да се намали ризикот од понатамошно пренесување.

01.09.2023 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега