Кремљ: Авионската несреќа во која загина Пригожин може да биде намерно предизвикана

 

Кремљ соопшти дека истрагата за авионската несреќа во која загинаа водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин и уште деветмина, минатата недела, ја вклучува можноста таа да била намерно предизвикана.

„Очигледно е дека се разгледуваат различни верзии, вклучително и верзијата – знаете за што зборуваме – да речеме, намерно злосторство“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков исто така рече дека истрагата за авионската несреќа е руска истрага и дека не може да стане збор за меѓународна истрага.

30.08.2023 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега