Бајден за уапсениот Трамп: Го видов на телевизија, згодно момче
Американскиот претседател Џо Бајден се насмеа кога новинарите го прашаа да ја искоментира фотографијата на неговиот претходник Доналд Трамп направена за време на неговото апсење во државата Џорџија, велејќи дека Трамп е „убав дечко“.
Бајден, кој се одмора во езерото Тахо, се насмеа кога новинарот го праша дали ја видел сликата уште, пренесува Еј-би-си Њуз.
-Го видов тоа на телевизија, одговори американскиот претседател.
На прашањето што мисли за неа, Бајден одговори: „Згодно момче. Прекрасно момче“.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп им се предаде на властите во затвор во Џорџија, каде што беше приведен и внесен во полициски досиеја под обвинение дека планирал да ја „прекрои“ волјата на гласачите во таа сојузна држава на претседателските избори во 2020 година, на кои тој загуби од актуелниот претседател Џо Бајден.
Трамп, кој е заведен како затвореник под број P01135809, беше ослободен со кауција по 20 минути минати во затвор, а во текот на постапката влезе во историјата како првиот поранешен претседател на САД кој се појавил на полициска фотографија.
Трамп, по излегувањето од затворот, изјави –„ тоа е страшно искуство, ова е земја од третиот свет“.
Властите во Џорџија објавија фотографија од Трамп, без насмевка на лицето, како гледа во камерата, со избраздено чело и стегната вилица.
Трамп потоа самиот ја објави фотографијата на својот профил на платформата Х (Твитер), како и на својата социјална мрежа „Вистина“ (Truth Social), но со ова аобвјава тој додаде и линк до неговата веб-страницата за претседателската кампања со повик за донации, тврдејќи дека е „уапсен иако не извршил никакво кривично дело“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа