Почна изградбата на патната инфраструктура во Хиподром 2

 

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страница на Фејсбук информира дека утрово направил увид на градежните работи за изградба на патната ифраструктура во Хиподром 2.

„Утрово направив увид на градежните работи за изградба на патната инфраструктура во Хиподром 2.

Со задоволство можам да кажам дека го решаваме долгогодишниот проблем на жителите од Хиподром 2. Граѓаните од ова населено место конечно добиваат патна инфраструктура со што газењето кал заминува во историјата.

Овој проект го реализираме согласно Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Република Македонија и Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски.

Со проектот во патната инфраструктура инвестираме финансиски средства во висина од 45.013.572 денари како грант за општина Гази Баба преку Светска банка.

Дополнително како локална самоуправа спроведуваме постапка со која ќе инвестираме дополнителни 73.000.000 денари средства од буџетот на општина Гази Баба за инфраструктурата во Хиподром 2.

Зборот даден пред граѓаните се исполнува“ – напиша Стефковски.

25.08.2023 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега