„Кино на отворено” овој викенд во Кисела Вода

 

 

Викендов, Општина Кисела Вода продолжува со „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“, веднаш до Домот на културата „Билјана Беличанец“.

В сабота и недела, 26 и 27 август, со почеток од 20.30 часот, ќе бидат прикажани по две епизоди од серијалот „Викенд на мртовци“, потоа и филмот „Кајмак“ в сабота и „Ах, љубов моја“ в недела.

Програма:

Сабота 26.8.2023

20.30 – 22 ч – две епизоди од серијалот „Викенд на мртовци“

22 – 23.30 ч – „Кајмак“, во режија и сценарио на Милчо Манчевски

Недела 27.8.2023

20.30 – 22 ч – две епизоди од серијалот „Викенд на мртовци“

22 – 23.30 ч – „Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски

24.08.2023 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега