Во пензија на 67 години
Хрватскиот сабор денеска донесе нов Закон за пензиско осигурување, со што Хрватска се приклучи кон државите кои ја кренаа старосната граница за заминување во пензиј и тоа до 67 годишна возраст.
Оддржливоста на пензискиот систем, но и продолжениот животен век на населението, како и потребата на пазарот на трудот да се активираат постари лица, беа аргументите на ресорното министерстви за труд за кревање на старосната граница за пензионирање од 65 на 67 години и тоа од 2031 година.
Од следната до 2030 година ќе се задржат истите старосни услови за стекнување старосна и предвремена пензија, а почнувајќи од јануари 2031 година постепено ќе се зголемува староста за стекнување право на пензија, по три месеци секоја година до 2037 година.
Од 1 јануари 2038 година право на старосна пензија ќе се стекнува со 67 години, пренесува агенцијата Хина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа