Арсовска поднесе иницијатива за враќање на споменикот на Ќосето

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска поднесе иницијатива за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето.

Како што соопшти таа на социјалната мрежа Фејсбук, иницијативата е доставена до Советот на Градот, а според истата таа иницијатива, споменикот ќе биде поставен на нова локација, на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“, североисточно од кружниот тек.

-Се работи за исклучително важна историска личност и еден од најголемите македонски револуционери чиј споменик неправедно и шверцерски беше отстранет од претходното градско раководство. Нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да рѓосува по магацини, затоа апелираме час поскоро оваа точка да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје и веднаш да биде изгласана, вели Арсовска.

Според неа, ова е уште еден начин за да ја исправиме неправдата и кон оние кои ги дале своите животи за независна и суверена Република Македонија.

21.08.2023 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега