Градоначалникот Ѓорѓиевски на дружба со децата кои бесплатно летуваат во Охрид

 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера вечер ги посети децата кои бесплатно летуваат во детското одморалиште ,,Радости” во Свети Стефан, Охрид. Се работи за 45 ученици кои преку проектот на Општина Кисела Вода за подобрување на квалитетот на живот на децата во социјалeн ризик, оваа седмица имаат можност да поминат една седмица на одмор заедно со своите врсници, придружувани од наставници, аниматори и рекреатори. Со логорски оган, со музика, игри и смеа заедно со градоначалникот Ѓорѓиевски поминаа една прекрасна вечер која никој нема да ја заборави. Се договорија оваа дружба да прерасне во традиција.

-Вечерва во Охрид ги посетив моите другарчиња кои бесплатно летуваат во детското одморалиште ,,Радости”. Логорувавме, многу се забавувавме, игравме игри и поминавме цела вечер заедно. Ваквата радост, спојот на дечињата од различни генерации е тоа што не може да се опише со зборови туку треба да се доживее, а јас ја имав таа чест во прво лице! Се договоривме на следна дружба наредната година, на следно летување и уште помасовно, со уште повеќе дружење и, како што беше нивното барање - да се дружам со нив цело време. Ете токму ова е тоа за кое вреди секоја жртва, секоја непреспиена вечер и макотрпна работа. Ова е она за кое се бориме, детската радост. Огромно благодарам до менаџментот на детското одморалиште ,,Радости” за професионалниот однос, за одличниот пречек и грижата за нашите дечиња. Се гледаме следната година-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

18.08.2023 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега