Општина Гази Баба доделува по 3.000 денари за секое прваче
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, во објава на својата официјална страница на „Фејсбук“ информира дека Општина Гази Баба доделува 3.000 денари за секое прваче.
„Доделуваме 3.000 денари за секое прваче. Општина Гази Баба ја реализира мерката за доделување еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари за секое семејство што ќе има запишано прваче. Во услови на економска криза и сериозна инфлација како локална самоуправа преку доделување директна финансиска помош им даваме поддршка на семејствата што имаат запишано прваче. Оваа мерка во учебната 2023/2024 година се реализира вторпат и доаѓа како исполнето ветување од мојата програма за градоначалник на општина Гази Баба“, напиша Стефковски.
Тој ги повикува сите семејства од територијата на општина Гази Баба, кои имаат првоодделенче, да ја искористат можноста и да поднесат барање за исплата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа