Босанка си ги оставила сопругот и децата и отишла да војува со љубовникот во Сирија!

 

Верувале или не, една млада жена од Босна си го жртвувала својот брак од кој има две дечиња, за да отиде со љубовникот во Сирија и да војува!

Како што јавуваат босанските медиуми, се работи за 29-годишната Елвира Каралиќ која е мајка на десетгодишна и тригодишна ќеркичка, кои ги оставила за да отиде со својот љубовник да војува во Сирија. 

Сопругот на Босанката вели дека неговата жена е паметна, но дека во последно време Фејсбукот и го завртел мозокот и ја натерал на сево ова. 

- Мојата сопруга што и да направи сега, верувајте е многу паметна жена. Можев секогаш да се потпрам на неа. Заедно бевме 13 години во брак. Таа сега одбива да ми каже кој ја одвел во Сирија, вели сопругот.

 

13.12.2013 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега