Крадец од Скопје се збогати за 2.460.000 денари
Крадците дефинитивно не запираат. Синоќа била ограбена куќа лоцирана на улицата „Питу Гули“ во Скопје каде засега непознат сторител украл поголема количина златен накит вреден 2.460.000 денари.
Кражбата била извршена така што насилникот со употреба на физичка сила насилно ја отворил балконската врата, влегол внатре и по извршеното пребарување го одзел златото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
13.12.2013 - 12:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа