Стефковски: Поминаа седум години од поплавите - никогаш да не се повтори

 
Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја погоди општина Гази Баба.
 
„Денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја зафати општина Гази Баба.
22 наши сограѓани ги загубија своите животи и болката по нив ќе трае засекогаш. Материјалната штета беше огромна. Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе и разруши се.
 
Кога навидум се беше безнадежно, се роди новата надеж дека ќе дојде подобро утре. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општината и подадоа рака за помош. Како градоначалник на општина Гази Баба и денес по седум години од катастрофалните поплави изразувам благодарност до сите оние кои на било каков начин дадоа придонес во справувањето со последиците од поплавата“, напиша градоначалникот Стефковски..
 
„Жртвите од поплавата како и солидарноста и хуманоста на илјадници луѓе кои помогнаа во справување со последиците од поплавата не смееме никогаш да ги заборавиме.
Гази Баба се сеќава!
Никогаш да не се повтори!
Никогаш да не се заборави“, напиша Стефковски.

06.08.2023 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега