Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

 

Денеска (05.08.2023) Хеликоптерската единица за полициски намени дејствуваше во реонот на Свети Николе, каде успешно беше локализиран пожарот кој  настана околу 11.30 часот.

Притоа хеликоптерите на МВР (Мi171 и Bell412) во 34 наврати исфрлија 54 тони вода. Пожарот е целосно  локализиран.

05.08.2023 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега