Вучиќ: Очекувам да се формира нова Влада во следните 40 дена

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека верува оти во следните 40 дена ќе се избере нова влада, која целосно ќе биде фокусирана на економијата, напредокот на Србија, забрзаниот развој и зголемената стапка на раст.

„Верувам дека (идната Влада) ќе биде составена од компетентни луѓе кои ќе можат да одговорат на предизвиците“, рече Вучиќ на средбата со бизнисмените во Стопанската комора на Србија (ПКС).

Тој изјави дека проблемите на стопанствениците се пресликуваат во политички и економски проблеми на светско ниво и дека никој не знае какви ќе бидат условите за бизнис утре, за еден месец или за два месеци.

„Никој не знае колкави ќе бидат даноците меѓу САД и Европската унија, какви ќе бидат даноците меѓу САД и Кина, Латинска Америка и САД, какви ќе бидат односите меѓу ЕУ и Кина, освен што сите гледаме дека речиси сите брзаат кон Индија и се обидуваат да воспостават најдобри односи со Индија“, додаде Вучиќ.

Наведе дека се работи за општа несигурност и немање јасна прогноза што ќе се случува и затоа е важно во сите области и во бизнисот како држава да имаме што е можно повеќе „перници за примање удари“ кои ќе следат.

Вучиќ посочи дека проблемот е што економската состојба во ЕУ има негативно влијание врз нашата економија, додавајќи дека се надева дека тоа ќе се промени во наредните години.

„Некој вели дека кога Германија кашла, имаме пневмонија, што е сосема точно бидејќи 82.000 луѓе во оваа земја работат во германски компании. Германија е клучен партнер за нас во Европа“, нагласи Вучиќ.

Според него, економската состојба во ЕУ не ги погодува толку Белград и Нови Сад, туку ги погодува помалку развиените региони на Србија и затоа во тие региони повторно ќе треба да се земе предвид како и на кој начин да им се помогне на луѓето и во вработувањето и во обезбедувањето приходи.

Тој изјави и дека политичката ситуација во Србија влијае на бизнисот, наведувајќи дека се надева и верува дека во следните 30 до 40 дена политичката ситуација ќе биде стабилна и потоа ќе бидат потребни уште шест месеци за целосно да се вратиме во форма, ритам и се што имавме до сега.

Вучиќ изјави дека следен проблем со кој се соочуваме е корупцијата, бирократските процедури и, како што рече, дигиталната мрзеливост.

„Никогаш, како што гледаме, не сте биле целосно излечени од корупција, од тоа што се уште имаме бирократски процедури, до тоа што таканаречената дигитална мрзеливост е се почеста“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека проблемот е што луѓето гледаат што помалку да работат.

„Тоа е наш проблем во кој не можеме да одговориме на вашите барања, бидејќи приватниот сектор мора да биде многу повитален и неспоредливо повнимателен. Се надевам дека ќе успееме да ги надминеме овие проблеми, а веќе слушнав за некои идеи и верувам дека ќе можеме да ги прифатиме“, рече Вучиќ.

28.02.2025 - 19:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега