Ким Џонг Ун му покажа на Шојгу забранети балистички ракети

 

 

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се сретна во Пјонгјанг со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој го однесе на изложба на оружје.

Меѓу другото, на изложбата беа претставени и забранетите балистички ракети на Северна Кореја. Ракетите со нуклеарен капацитет се забранети со резолуциите на Советот за безбедност на ОН усвоени со поддршка на Русија и Кина.

Ким Џонг Ун им го покажа на рускиот министер Сергеј Шојгу и на членовите на руската воена делегација најновото севернокорејско оружје, вклучително и забранетите интерконтинентални балистички ракети во камуфлажа и со ознаки на борбените единици, нивните мобилни фрлачи, како и тенкови и оклопни возила.

Станува збор за „Изложба на оружје – 2023“ спонзорирана од Министерството за одбрана на Северна Кореја по повод 70-годишнината од победата во Големата патриотска војна.

27.07.2023 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега