Моќен американски политичар се блокира за време на говорот, мораа да го одведат
Високорангираниот републиканец на американскиот Сенат, Мич Меконел вчера како да се замрзна околу 21 секунда додека разговараше со новинарите, пренесуваат медиумите во регионот.
Тој ја напушти конференцијата, а потоа се врати 12 минути подоцна и рече дека е добро
81-годишниот пратеник од Кентаки ја започна редовно закажаната прес-конференција во средата, зборувајќи за двопартиската соработка за големиот нацрт-закон за финансирање на одбраната но речиси по 21 секунда како да се замрзна односно се блокира стоејќи мирно и гледајќи немо и право напред пред неговите колеги кои почнаа да го прашуваат дали е добро.
„Дали си добро, Мич? Дали има нешто друго што сакаш да кажеш или треба само да се вратиме во вашата канцеларија? го праша Меконел сенаторот Џон Барасо , најдолготрајниот партиски лидер во Сенатот во историјата, пред Меконел да се сврти и да замине со медицинска помош.
BREAKING: Mitch McConnell freezes up at a press conference. Reason unknown.
— Benny Johnson (@bennyjohnson) July 26, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа