Тревога во Шпанија, забрането пливање: две ајкули забележани во близина на брегот
Преплашените капачи побегнале од водата откако две ајкули биле забележани во близина на брегот на популарна плажа во Шпанија.
Инцидентот се случил во понеделникот на популарната плажа Порт де ла Селва во близина на француската граница, откако две ајкули биле снимени како пливаат блиску до брегот.
Алармот го вклучиле капачите кои ги виделе перките во водата и веднаш ги известиле спасувачите, пренесува Мирор.
Само два дена претходно, ајкула долга два метри беше забележана во близина на плажа во јужна Франција.
Дејвид Симијан, главен спасител на плажата, рекол дека евакуацијата била наредена како мерка на претпазливост откако виделе темна сенка во водата.
„Се работи за сина ајкула која не претставува закана за луѓето“, рече тој.
Се верува дека и ајкулите кои се забележани во Шпанија се сини ајкули. Тие ретко касаат луѓе, но спасувачите алармираат и во двата случаи и забрануваат пливање.
За 400 години, во Шпанија се забележани само два каснувања од ајкула, а ниту еден не бил фатален.
Во Франција од 1847 година се регистрирани само пет напади на ајкула.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа