Влада: Пролетен распуст за учениците од 29 април до 5 мај 2024 година
Преку соопштение испратено до медиумите, од Владата ја потврдија информацијата дека следната учебна година учениците ќе имаат и пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај.
„Владата ја разгледа Информацијата од Министерството за образование и наука со предлозите за Календарот за организација на учебната 2023/2024 година во основните училишта и јавните средни училишта и донесе одлука во учебната 2023/2024 година учениците од основното и средното образование да имаат и пролетен распуст.
Согласно одлуката, почетокот на учебната година е 1 септември, првото полугодие треба да заврши на 29 декември 2023 година, а од 30 декември 2023 година учениците ќе користат зимски одмор, при што почетокот на второто полугодие е предвиден за 22 јануари 2024 година“, соопштија од Влада.
„Во периодот од 29 април 2024 година, до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17-ти јуни 2024 година, а летниот одмор почнува на 18-ти јуни 2024 година и завршува на 31 август 2024 година“, се додава во владиното соопштение испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа