Маж удрен од гром во Верона, неколку лица се повредени: Невремето ја парализира Италија

 

 

Неколку лица се повредени денеска во невремето што ја зафати Италија, а најтешко е погодена Ломбардија каде е издаден портокалов метео аларм.

Еден човек е пренесен во болница во тешка состојба во Верона, откако бил погоден од гром за време на невреме придружено со силен дожд и бурен ветер, јавуваат италијанските медиуми.

Две лица се повредени во околината на Бреша, а во областа Бергамо, ветровите слични на урагани корнеа дрвја.

Дрво откорнато од ветрот удрило во автомобил во Бергамо, а четири лица, меѓу кои две деца, се повредени во Тревил, кога дрво паднало врз нивното возило.

Во Мантуа падна град со рекордна големина, додека гром предизвика пожар на покривот на куќа во областа Варезота.

Во провинцијата Брес, двајца 56-годишни работници се повредени и се пренесени во болница.

Обилни врнежи од дожд и урагански ветрови се забележани во Милано, како и во Монца. Противпожарната единица извршила над 110 интервенции низ регионот.

21.07.2023 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега