Трагедија во Прилеп: Мажот се задушил - жената се бори за живот

 

Трагедија во прилепското семејство Чапоски. Од плин во семејната куќа во населбата Старо Корзо вечерва се задушил 54 - годишниот Драган Чапоски, болничар во општата болница во Прилеп, јавуава Канал 5.

Лекарите се борат за животот на неговата сопруга, додека синот, снаата и внучето по укажаната помош се во добра здравствена состојба. Благодарение на брзата интервенција на професионалната противпожарна единица и итната медицинска помош останатите членови од семејството биле спасени.

Како точно се случила несреќата допрва ќе се утврдува. Според првичните информации, починатиот Чапоски најверојатно поради нарушени сејмени односи живеел на вториот кат од куќата. Дали тој намерно ја предизвикал несреќата или плинската боца почнала да истекува од невнимание треба да покаже истрагата.

Миризбата од плинот почнала да се шири по целиот објект. Во обид да го спасат Драган, почнале да се задушуваат и останатите членови на семејството Чапоски. Тие се хоспитализирани во прилепската општа болница.

 

 

12.12.2013 - 22:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега