Војниците на Вагнер и белоруските специјални сили тренираат во близина на границата со Полска
Платениците на Вагнер ќе помагаат во обуката на белоруските специјални сили на воениот полигон во близина на границата со Полска, членката на НАТО, соопшти денеска белоруското Министерство за одбрана.
Во видеото прикажано во средата, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин ги пречека своите борци во Белорусија. Им рекол дека засега нема да учествува во украинската војна, но им наредил да се засилат за Африка.
„Вооружените сили на Белорусија продолжуваат со заедничката обука со борците на Вагнер“, соопшти белоруското Министерство за одбрана.
„Тие ќе извршуваат задачи за борбена обука на полигонот во Брест во текот на неделата“, се додава.
Полска претходно во јули објави дека ќе испрати 500 полицајци на границата со Белорусија за да се справат со зголемениот број мигранти, како и со сите потенцијални закани по преместувањето на платениците на Вагнер во Белорусија. Во четвртокот полските власти рекоа дека внимателно ја следат ситуацијата на границата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа