Американски генерал: Украинската контраофанзива не е неуспешна, далеку од тоа

 

 

Украинската контраофанзива не е неуспешна, далеку од тоа, и покрај тоа што се движи побавно од очекуваното, изјави денеска началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.

„Почна пред околу пет или шест недели. Но, работите се одвиваат побавно од очекуваното. Зошто? Затоа што тоа е разликата помеѓу војна на хартија и вистинска војна. Тоа се вистински луѓе со вистински машини. Тие се на теренот и тие навистина ги расчистуваат вистинските мински полиња… И тие навистина умираат“, рече Мили, како што пренесува Си-Ен-Ен.

„Значи, кога тоа ќе се случи, има забавување. И тоа е точно. Тие мора да преживеат и да поминат низ минските полиња. Далеку е од неуспех. Мислам дека е премногу рано за таква пресуда. Имаат многу борби пред нив” додаде тој.

Мили исто така рече дека Украина има значителна количина на борбена моќ која сè уште не била ангажирана во контраофанзива.

„Нема да кажам што ќе се случи во иднина, бидејќи Украина треба да одлучи каде и кога да ги испрати своите резерви. Во овој момент тие полека напредуваат, ја зачувуваат својата сила и постојано ги пробиваат сите тие мински полиња“, рече тој.

18.07.2023 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега