На црната листа на САД ставена македонска фирма, злоупотребила софтвер за шпионажа

 

 

Министерството за трговија на САД на црната листа денеска ја стави македонската компанија Сајтрокс од Скопје, заедно со три други компании од Грција, Унгарија и Ирска, поради злоупотреба на комерцијален софтвер за шпионажа.

„За овие четири ентитети биле утврдено од страна на Владата на САД дека дејствувале спротивно на националната безбедност или странско политичките интереси на Соединетите Држави“, се вели во соопштението на Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави.

Тие додаваат дека причината е нарушување на сајбер-безбедноста. Според соопштението, САД сметаат дека фирмата користела софтвер за да добие пристап до информациски системи, а со тоа, ја нарушувала безбедноста на поединци и организации ширум светот.

„Оваа активност е спротивна на Националната безбедност и надворешнополитичките интереси на САД“, додаваат тие.

Претходно, и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се најде на „црната“ листа на САД. 

 

 

18.07.2023 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега