По осум часа пронајден исчезнатиот тинејџер од Скопје, од Куманово го враќаат кај родителите

 

 

Во Куманово е пронајдено 15-годишното момче, кое беше пријавено за исчезнато. Момчето е од скопската населба Чаир, а неговите родители го бараа од вчера.

„Денеска (12.07.2023) во 14.45 часот во Куманово, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит пазар – Потраги го пронашле Ф.Ф.(15) од Скопје за кој во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар неговиот татко Л.Ф. пријави дека се оддалечил од домот“ соопштија од МВР.

Малолетникот ќе биде предаден на родителите.

12.07.2023 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега