Тепачот на Пендиков не дојде на судење, бил болен и бара да му се врати пасошот за да се лекува во странство
Обвинетиот Илија Спасески се разболел, па поради неговото отсуство се одложи рочиштето за Христијан Пендиков. Адвокатот Димитрија Цобoски, кој е бранител на Спасевски, со медицинска документација го правдаше отсуството. Притоа, побара да му се врати и патната исправа која му е одземена поради опасност од бегство.
„Илија е дома, болен е. Со покренувањето на кривичната постапка како мерки на претпазливост а заради обезбедување на присуство на обвинетиот пред државните органи односно судот и Обвинителството, приложена е патна исправа со цел обвинетиот да не може да ја напушта територијата на Македонија. Со оглед на ваквата дијагноза и нарушена здравствена состојба, а бидејќи воопшто се доведува во прашање компетенцијата на нашите медицински установи за лекување на пациенти, ќе предложам времено да му се врати патната исправа на обвинетиот Спасески, за да може да побара и изврши прегледи во странство“, рече адвокатот Цобoски, бранител на Спасески.
Судијата цитираше дел од извештајот кој беше донесен како оправдување зошто бовиентиот не е во судница.
„Обвинетиот Илија Спасовски поради влошена здравствена состојба, болест, не може да присуствува ан расправата, за што во судот му предавам во оригинал извештај од специјалист, односно суб-специјалист од 11.07.2023 година каде е констатирана дијагноза „тромбофемит“, на долни екстремитетите, со препорака од специјалистот мирување од 15 дена и иницирано боледување за истиот“, цитираше судијата Бојан Мартиноски од извештајот на обвинетиот.
Ова е второ рочиште по ред кое се одложува. На претходното, адвокатите на обвинетиот го напуштија судењето и немаше услови за негово одржување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа