Флорида: Докторот кој силувал повеќе од стотина гимнастичари избоден во затвор

 

Поранешниот доктор на американскиот гимнастички тим Лоренс Лери Насар се скарал со друг затвореник во затворот во Флорида, при што се здобил со повеќе убодни рани. Две лица запознаени со инцидентот изјавиле за Асошиетед прес дека Насар бил избоден со нож во неделата во поправната установа Колман и дека денес е во стабилна состојба.

Тој, бил прободен со нож во грбот и во градниот кош. Поранешниот доктор беше обвинет за сексуална злоупотреба на стотици гимнастичари. Неговите жртви беа познати шампиони како Симон Билс, Али Рајсман и МекКејла Марони.

“Ме нападна веднаш штом влегов во репрезентацијата. Ми рече дека сака да ме прегледа, а првпат ме силуваше кога имав 13 години. Подоцна ме силуваше стотици пати”, рекла Марони и открила дека таа потоа му се обратила на тренерот Џон Гедерт за помош, но тој не реагирал.

„Му се доверив на тренерот Гедерт, кој не реагираше. Насар рече дека ова е жртва што треба да ја направам за да одам на Олимпијадата“, изјавила Марони, кој контактирала со тренерот откако се разбудила во креветот на Насар.

Тој и дал апче за спиење.

“Се разбудив гола во неговиот кревет и решив да го пријавам. Но, тие се грижеа само за парите и медалите“, рекла таа.

Марони освои златни и сребрени медали на Игрите во Лондон.

10.07.2023 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега