Односот меѓу САД и Британија е цврст: Бајден на средба со Сунак
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска во Лондон, за време на средбата со британскиот премиер Риши Сунак, дека односот меѓу САД и Велика Британија е „цврст како камен“.
„Нашиот однос е цврст како камен. Не можев да се сретнам со поблизок пријател и поголем сојузник“, рече Бајден.
Сунак изјави дека „прекрасно е што разговорите продолжуваат“, по серијата средби тој и Бајден оваа година.
10.07.2023 - 19:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа