СМО: Дрaстично намален морскиот мраз на Антарктикот

 

Нивото на морскиот мраз на Антарктикот минатиот месец беше на рекордно ниско ниво, објави Светската метеоролошка организација (СМО), што експертите за климатски промени го сметаат за загрижувачки.

СМО објави дека нивото на морскиот мраз на Антарктикот во јуни, кој беше најтоплиот месец досега, е најниско од почетокот на сателитскиот мониторинг – 17 отсто под просекот.

-Навикнати сме да ги гледаме овие големи намалувања на морскиот мраз на Арктикот, но не и на Антарктикот. Тоа е огромно намалување, изјави Мајкл Спароу, шеф на Светската програма за истражување на климата, за новинарите во Женева.

Глобалните температури на морската површина во мај и јуни беа рекордно високи за тој период од годината, според СМО, кој предупреди дека затоплувањето на светските океани брзо се шири до длабочините.

СМО очекува временскиот феномен Ел Нино, кој неодамна започна, да ги зголеми температурите и на копното и на океаните, што би можело да предизвика повеќе морски топлотни удари и екстремни температури.

10.07.2023 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега