Младо момче прободено сред улица во Кочани

 

Засега непознат насилник ноќеска околу 2 часот го избодел 28 годишниот кочанчанец Т.Д.

Инцидентот се случил во кочанската населба Оризари, кога насилникот со остар предмет го прободел Т.Д. во градите. Повреденото момче веднаш било пренесено во Медицинскиот центар Кочани, а поради сериозноста на повредите било пренесено во штипскиот Медицински центар. 

По преземените мерки, едно лице било повикано на разговор во СВР Штип. Оттаму велат дека по целосно расветлување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

12.12.2013 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега