Експлозија во судот во Киев: По сослушувањето маж се заклучил во тоалетот, па почнал да фрла експлозивни направи
Во Окружниот суд во Киев денеска се случи експлозија, за која градските власти соопштија дека ја предизвикал маж кој активирал експлозивна направа.
Мажот починал „најверојатно затоа што случајно згазнал на експлозивот“, соопшти украинското МВР, додавајќи дека двајца припадници на КОРД (Корпус за брза реакција) се повредени, пренесува Ројтерс.
Украинските медиуми објавија дека напаѓачот е Игор Гумењук, кој наводно извршил терористички напад во близина на Рада во август 2015 година.
Украинското министерство соопшти дека тој по сослушувањето се заклучил во тоалетот, а потоа почнал да фрла експлозивни направи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа