Македонски градоначалник украл 30.000 евра

 

Дебарската полиција поднесе кривична пријава против Н.Ш.(55) од с.Голем Папрадник-Центар Жупа, поранешен градоначалник на општина Центар Жупа, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.  Пријавениот, во периодот 2004-2009 година за изградба и реконструкција на патишта и канализациска мрежа од жителите на Центар Жупа зел на рака вкупно 30.700 евра и истите не ги внел на жиро-сметката на општината, а прибраните парични средства си ги задржал за себе. 

12.12.2013 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега