Општина Аеродром деновиве ќе ги презентира деталите за коригираниот ДУП за населбата Лисиче
Втората и нова верзија на деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој е веќе изработен и објавен на јавна анкета ќе ги реши прашањата за легализација на индивидуалните објкети во овој дел од градот.
Општина Аеродром изминатиот период информираше за направените усогласувања на планот, согласно барањата на граѓаните, и во новата верзија се очекува да бидат прифатени нивните забелешки.
На веб страната на општина Аеродром веќе е објавен јавен повик за спроведување анкета за новата верзија од планот, а извори од општината информираат дека деновиве ќе се одржи настан на кој во јавноста ќе бидат споделени детали за новата верзија на Деталниот урбанистички план кој во изминатиот период предизвика реакции во јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа