Скопската зоолошка го изгуби кандидатскиот статус да стане европска
Скопската Зоолошка градина го изгуби кандидатскиот статус да биде членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Молк од Град Скопје, но и директорот Зоран Попов, кои се точните причини и чија е вината што пропадна шансата за членство во престижната асоцијација, цел на која се работеше 16 години. Реакција има само од ексдиректорот Ѓорги Галетановски. По јавноста, и тој бара одговори.
„Не ми е се уште верно. Но ако е вистина ова е крај на се се што се работело од 2007 до сега. Следеше само уште еден скрининг и ќе бевме членки на ЕАЗА-европската асоцијација на зоолошки и аквариуми. Нека се живи здрави животните што ги донесовме во ЗОО, Скопје повеќе нема европска зоолошка“, напиша Галетановски во својата реакција.
„Макфакс“ побара одговор од директорот Поповски, дали тој ќе понесе одговорност што во негово време, Зоолошката ја изгуби шансата да биде дел од ЕАЗА, зошто но и зошто не биле исполнети критериумите – но тој не одговори.
Со став за губењето на кандидатскиот статус, не излезе ниту Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, под чија надлежност е скопската Зоолошка градина. Поповски е кадар на Арсовска, а трет по ред директор кој е именуван во рок од година и половина.
Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) е организација за Европската зоолошката градина и аквариум заедница. Работи со Европската програма за загрозени видови (ЕЕП). Организацијата е со седиште во Амстердам, Холандија. Членството во ЕАЗА е отворено за сите зоолошки градини и аквариуми низ Европа кои се во согласност со стандардите на асоцијацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа