Стефковски: 400 ученици заминаа на летување со финансиска поддршка од Гази Баба
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово ги испрати на летување 400 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба.
За настанот, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук во која напиша:
„Утрово имав одлична можност да ги испратам и да им посакам среќен пат и убав престој во училишниот летен камп на 400 ученици од општинските основни училишта, кој се реализира со финансиска поддршка од општина Гази Баба преку субвенционирање на цената за учество на секој ученик.
Во рамките на кампот учениците ќе бидат дел од спортски, едукативен и забавен дел, а најважно од се е тоа што тие ќе можат меѓусебе да другаруваат.
Учениците во училишниот камп ќе бидат обучувани за основна пливачка техника, веслање кајак и SUP даска.
Овој проект, општина Гази Баба го реализира во соработка со општинскиот сојуз за училишен спорт Гази Баба.
Среќен сум што преку реализација на оваа мерка успеавме да ги направиме учениците среќни, а како една од целите која ќе ја постигнеме со поддршката на училишниот летен камп е и поголема социјализација помеѓу децата.Продолжуваме со реализација на мерки и проекти за најмладите жители на нашата Гази Баба.“ - напиша Стефковски.
20.06.2023 - 09:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа