ЕСМ Дистрибуција: Ќе го отстраниме опожарениот топловод на мостот Беласица во најкраток можен рок
Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании, велат од ЕСМ Дистрибуција.
Од компанијата додаваат дека ќе вложат максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок.
„И покрај опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа“ соопшти компанијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа