Спасовски се сретна со новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја

 

Денеска, (19.06.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  оствари протоколарна средба и му посака добредојде во земјава на новоименуваниот амбасадорот на Јапонија,  Н.Е. Оцука Казуја.

На средбата министерот Спасовски и амбасадорот Казуја меѓу другите теми од заеднички интерес разговараа и за  соработката помеѓу  нашите две пријателски земји како и за безбедносната состојба во нашата земја, при што од страна на јапонскиот амбасадор Казуја беше изразено задоволство  што може да престојува и работи во земја која се смета за најбезбедна земја во регионот на Западен Балкан.

На крајот од средбата и двајцата соговорници изразија подготвеност за продлабочување на соработката во конкретни области од заеднички интерес за двете земји.

19.06.2023 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега