ВИДЕО: Сека Алексиќ го исполни ветувањето и се појави како придружничка на матурата на девојка која претрпе врсничко насилство
Познатата пејачка Сека Алексиќ ја воодушеви јавноста во Србија, но и во регионот откако одговори на приказната за девојката од Врбас која била жртва на врсничко насилство.
Покрај секојдневното насилство девојката останала и без партнер за матурата, а откако оваа приказна стигна во јавноста, се огласи Сека Алексиќ која рече дека таа ќе и биде придружничка за матурската вечер.
Сека го исполни ветувањето. Таа на својот Твитер објави видеа од Врбас каде ја пречека семејството на девојчето. Членовите на семејството на матурантката биле воодушевени од присуството на Сека, а кога пејачката се појавила насатанло општо воодушевување.
За потсетување, кога медиумите ја пренесоа веста дека учениците од осмо одделение на учиолиштето „Петар Петровиќ Његош“ од Врбас му „подариле“ бакарна жица на момчето кое требало да биде и биде партнер на девојката, а тој ја удрил, се огласи Сека која напиша : Со неа одам на матура! Каде е таа девојка“. Акцијата ја поддржаа многу јавни личности, кои исто така изјавија дека сакаат да одат на матура во Врбас.
Mi odrasli smo pali svi na ispitu!
Mia sa drugarima je otišla na maturu, možemo samo da se nadamo da će deca biti mnogo bolji ljudi nego što smo mi! #stopnasilju pic.twitter.com/ksUv54HHfx— Seka Aleksic (@poslednjilet) June 11, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа