Жена во САД си ја убила сосетката бидејќи нејзините деца си играле покрај куќата
Жена од Флорида ја застрелала својата сосетка поради деветгодишна расправија за децата. Иако полицијата првично не сакала да ја уапси поради сомнение дека дејствувала во самоодбрана, таа беше уапсена вчера доцна вечерта по протестот во населбата во која се случило злосторството.
Сузан Лоринц (58) на крајот била приведена и обвинета за убиство од небрежност, јавуваат американските медиуми. Апсењето дојде кога демонстрантите ги повикаа властите да ја уапсат во случај за кој се верува дека има елементи на расизам.
Полицајците првично не сакале да ја уапсат Лоринц, а детективите утврдувале дали таа дејствувала во самоодбрана, во согласност со законот на Флорида.
„Судбината на Лоринц сега е во рацете на правосудниот систем, кој верувам дека ќе ѝ служи на правдата во догледно време“, изјави началникот на локалната полиција, Били Вудс.
Убиената Аџике Овенс, 35-годишна мајка на четири деца, била застрелана и убиена низ вратата на својата сосетка Лоринц. Овенс отишла во куќата на своите соседи откако Лоринц им викала на нејзините деца додека си играле на блиското игралиште, изјави Вудс во понеделникот.
Сосетката фрлила и пар ролери, кои удриле во едно од децата, изјави претходно шерифот. Вудс изјавил дека властите морале да добијат целосна слика за она што се случило, вклучително и интервјуа со четирите деца на жртвата, пред апсењето.
„Добивме поголема слика, целосна слика. Моите детективи сакаа да се погрижат да ги затвориме сите дупки за таа да не се извлече со самоодбрана, а тоа не беше самоодбрана“, изјави шерифот за американските медиуми.
Така, Лоринц се соочува со обвиненија за убиство од небрежност со огнено оружје, соопшти канцеларијата на шерифот. Обвинението за небрежност е затоа што децата биле присутни за време на злосторството, изјави Вудс за станицата. Лоринц е обвинета и за напад врз децата на Овенс од расправија пред пукањето.
Канцеларијата на шерифот соопшти дека Лоринц тврди дека го повлекла чкрапалото во самоодбрана и ја обвини Овенс дека се обидела да ја скрши вратата. Лоринц, која е бела, наводно расно ги малтретирала децата на Овенс, кои се црнци. Властите сè уште не потврдиле дали биле изречени некакви навреди и дали расата била фактор за пукањето.
Децата на Овенс, на возраст од 2 до 12 години, биле на местото на пукањето кога пристигнала полицијата. Кога момчето и неговиот 12-годишен брат отишле до нејзината врата, таа наводно ја отворила вратата и замавнала со чадор кон нив, соопшти канцеларијата на шерифот. Овенс потоа се соочила со жената и побарала таа да излезе надвор.
Лоринц потоа ја застрелала со еден истрел, а на сè сведочел соседот, кој седел на својата тераса спроти улицата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа