Ѓорче Петров: Семејствата на бранителите се ослободуваат од партиципација во градинките и од надомест за оброк во училиштата

 

Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната седница со мнозинство гласови од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата донесе низа клучни одлуки за граѓаните меѓу кои ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта.

Советниците воедно изгласаа и доградба на ООУ „Јоаким Крчоски“ и изградба на нова детска градинка во Дексион, што е од особено значење за граѓаните на Ѓорче Петров, или одлука со која ќе се решат децениски проблеми со недостиг на капацитети во образовните институции.

На денешната седница, Советот ја изгласа и одлуката за кофинансирање за реализација на проектот „Пилот-интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничниот регион“ или проект кој треба да донесе нова пречистителна станица во с.Орман, првпат во историјата на ова населено место.

 

Почнување постапка за изготвување Локален еколошки акционен план на Општина Ѓорче Петров е исто така одлука за која советниците денеска дадоа „зелено светло“.

31.05.2023 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега