Киев се огласи по нападот врз Москва, негираат вмешаност, но уживале во сцените

 

 

Помошникот на украинскиот претседател негира дека Киев е одговорен за нападот со дрон врз Москва, но рече дека Украина уживала гледајќи ги сцените.

„Што се однесува до нападите – секако дека со задоволство го гледаме и предвидуваме зголемување на бројот на напади. Но, секако, немаме врска со ова“, изјави Михаил Подољак.

Русија објави дека Украина го извршила својот масовен напад со беспилотни летала врз Москва, но дека противвоздушната одбрана ги уништила сите осум беспилотни летала.

„Киевскиот режим изврши терористички напад со беспилотни летала врз објекти во градот Москва“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин, претходно објави дека во нападот се оштетени неколку згради, а две лица побарале лекарска помош со полесни повреди.

Во новиот напад на руското воено воздухопловство на Киев изутринава најмалку едно лице загина, а четворица се повредени кога била погодена и запалена нивната станбена зграда, соопштија украинските власти.

30.05.2023 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега