Велика Британија и ЕУ со нови казни кон Москва: „Ќе страдаат“ руските дијаманти
Уште на самиот почеток на самитот на групата Г7, Велика Британија најави нов сет на санкции против Русија. На пик е рударската индустрија, поточно дијамантите, бакарот и алуминиум. Со овој сет на казни, сакаат да постигнат дополнително намалување на капацитетите на Москва за финансирање на војната во Украина.
И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел истакна дека и Европската унија ќе воведе санкции за руските дијаманти. Официјални лица ги разгледуваат деталите за завршната изјава за Русија, како и прецизни формулации во врска со Кина, истакнаа извори од Г7.
19.05.2023 - 10:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа