Нови руски воздушни напади во Украина - има мртви и повредени
Најмалку едно лице загина, додека две се повредени,во Одеса по повторните руски напади врз украинските градови.
Едно лице загинало, а две се ранети при ракетен напад врз пристанишниот град Одеса во Украина, соопшти портпаролот на воената управа на градот, Серхиј Братчук.
Новиот воздушен напад врз Украина е деветти овој месец. Експлозиите биле слушнати и во делот на централна Украина, во областите Виница, Хмелницки и Житомир.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко вели дека како последица на нападот во главниот град избувнале два пожари. Тој не дополни дали има повредени, но апелираше граѓаните да останат во засолништата додека ударот е во тек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа