Принцот Хари и Меган Маркл гонети од папараци во САД - бегале два часа

 

 

Принцот Хари и Меган Маркл беа дел од двочасовна, немилосрдна потера со автомобил во САД.

Парот бил бркан од страна на папараци подолго од два часа.

Нивниот асистент изјави дека потерата довела до блиски промашувања во кои учестувале други возачи во сообраќајот, пешаци, дури и две службени лица на полицијата.

„Оваа немилосрдна потера, која траеше повеќе од два часа, резултираше со повеќекратни блиски промашувања во кои беа вклучени други возачи на патот, пешаци и двајца службеници на Њујоршката полиција“, додаде асистентот.

17.05.2023 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега