Судењето му ја зголеми цената: Џони Деп потпиша милионски договор

 

Џони Деп потпиша договор со француската модна куќа Диор вреден рекордни 20 милиони долари за рекламирање на парфем за мажи. Деп, ѕвездата на филмовите „Пиратите од Карибите“, наводно го потпишал највредниот договор за поддршка на машки парфем досега.

Извор од американскиот магазин Variety потврди дека Диор потпишал тригодишен договор со Деп, кој се проценува на 20 милиони долари. Познатиот актер е заштитно лице на парфемот Dior’s Sauvage откако се појави на пазарот во 2015 година.

Шефот на матичната компанија на Диор, LVMH, Бернард, само го истакна имиџот на Џони Деп како една од главните причини зошто Sauvage постигна значителен успех.

За време на контроверзната правна битка против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Дизни и Ворнер Брос ја прекинаа долгогодишната соработка со актерот. Сепак, LVMH продолжи да соработува со него, а рекламите за популарниот машки парфем продолжија да се појавуваат и во текот на судската постапка, кои јавноста ги следеше со голем интерес.

14.05.2023 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега