(ВИДЕО) Тино Костадиновски во „Бомбакис поткаст“: Ме бараат за реклами, ама им објаснувам дека не сум инфлуенсер
„Ме бараат за реклами на Инстаграм, ама не сум инфлуенсер“. Ова го изјави актерот Тино Костадиновски, којшто вечерва гостуваше во дваесетатта епизода по ред од „Бомбакис поткастот“. Со водителот Кристијан Станковски, во опуштено издание раскажа за неговото детство, љубовта кон театарот, за сегашните, но и за идните ангажмани.
Костадиновски кој е препознатлив по својата позитивна енергија и хумор, говореше за интересни случувања од неговото детство и за деновите во основното образование. Во оваа епизода на поткастот откри како „откачил“ девојка во основно, само за да излезе „фраер“ пред своите другари.
„На 12, 13 години, бркавме женски и сега ми текна каква глупост имам направено. Во шестто одделение имав девојка, знаеш како, се бакнуваш еднаш на три недели, во уста и вие идете всушност. И знаеш ли колку сељачки и имам раскинато на првата девојка. На голем одмор и идам отпозади и оставам петденарка на рамо и и викам, „Купи си корпа“. Па овие, отпозади викаа ооо..“, изјави Костадиновски.
Опуштена атмосфера и искрен разговор, во продолжение погледнете ја најновата епизода од „Бомбакис поткастот“ со Тино Костадиновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа