(ФОТО) Меган Маркл видена првпат по крунисувањето

 

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, е видена првпат по крунисувањето на кралот Чарлс.

Војвотката од Сасекс беше фотографирана додека планинари во близина на својот дом во Монтесито, но принцот Хари не беше со неа, пренесуваат британски медиуми.

Меган изгледа прилично опуштено во друштво на неколку пријатели. Се крие под шапка и големи очила за сонце.

Според британските медиуми, кралот Чарлс бил прилично тажен бидејќи Хари, Меган и нивните деца не биле на свечениот ручек по крунисувањето. Наводно кралот му наздравил на својот внук Арчи, кој токму на денот на крунисувањето го прослави четвртиот роденден.

За потсетување, принцот Хари во саботата присуствуваше на крунисувањето на Чарлс Трети. „Јас дојдов, а војвотката остана во Калифорнија со нашите деца“, рече тој. Веднаш по церемонијата, принцот Хари отиде на аеродромот и полета дома.

09.05.2023 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега