Го фрлила новороденчето во контејнер – доби 16 години затвор
Младата жена од Ново Мексико, која минатата година го фрлила своето новороденче во контејнер, вчера е осудена на 16 години затвор.
Поротата ја осуди Алексис Авила (19) за обид за убиство и злоупотреба на деца.
На 7 јануари 2022 година, минувачи го пронашле бебето во контејнер во Хобс, град со околу 40.000 жители. Бебето преживеало.
Авила, која тогаш имала 18 години, ѝ рекла на полицијата дека не знаела дека е бремена до ден пред да се породи.
„Знам дека тоа што го направив беше погрешно и единствената личност на која навистина треба да и се извинам е моето дете“, изјавила Авила вчера пред судот, а пренесува NBC News.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа