Герасимовски: Субвенционирани 144 велосипеди и електрични тротинети

 

Општина Центар информира дека заврши можноста за аплицирање за субвенции за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет, бидејќи е исполнета квотата за Субвенционирање.

Во рамките на годинашниот проект „Цел Центар на точак“, општинските власти субвенционираа вкупно 144 велосипеди и тротинети. Секој полнолетен жител имаше право на еднократна субвенција во висина од 30% од цената, но не повеќе од 3.000 денари.

Со спроведувањето на оваа акција се реализира и поставената цел за обезбедување поздрав живот, поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж низ улиците во Општина Центар. Општина Центар информира дека во случај да се предвидат нови средства за оваа намена, граѓаните ќе бидат навреме информирани преку веб-страницата на Општината, социјалните мрежи и средствата за јавно информирање.

27.04.2023 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега